Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ми се врати топлината кон неа“, вели Кокоруш во еден расказ, „оној вид восхит што можеш да го осетиш само кон оној кој ти е далечен“.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)