е (гл.) - гол (прид.)

Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом ќе се изначита од Андерсен, момчето си замислува дека доста е само тој да викне кога народот, исто, ќе сфати што е што, ќе забележи дека кралот е гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Некојпат се чини дека сѐ е мирно, дека целиот народ се восхитува на облеката на својот крал, кога се појавува некое глупо момче и со див глас вика: „А кралот е гол!“ okno.mk 195
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Без оглед на толку суровите изнудени мерки, сличните злосторства сепак, не беа искоренети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Светот на денешнината е гол, гладен и опаднат во споредба со светот што постоел пред 1914, а уште повеќе е таков во споредба со замислената иднина што ја очекуваа луѓето од тој период.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арсо е гладен. Тоа е гола вистина. Зошто дојде овде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)