е (гл.) - влезен (прид.)

Тоа раскајување е влезено длабоко во душите на сите Руси, кои сега не сакаат ни да чујат за некакви „братушки”, а особено за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој црв е влезен и во маказарчани.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето многу ти е влезено в облаци, вели Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се нафатиле солзи на трепките и го гледам како низ некоја коприна, што се вели, како во вода да ми е влезено со лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можам и да ја убијам, в раце ми е влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со широко насмевнато лице се вртеше де наваму, де натаму и се обидуваше нешто да рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Што е ова чудо!?“ удираше врз катедрата наставничката, со намера да забележиме дека е влезена и да нѐ смири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тоа е влезено во војната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)