Кој е сега со мене, кој е против мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Леле мајко, велам, како можеше толку да е против мене господ?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Тоа е против законот! - рече старата ластовица.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Стрина и Доста одамна ја разбра оти го сака Крлета, а еве денеска се убеди дека ни Нешка не е против.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Не грижи се. И кога мислиш дека сиот свет е против тебе - насмевни се.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Токму така - морето е против нас! Нашата земја е мала, издолжена, со голем брег на две мориња: Јадранското и Јонското.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)