е (гл.) - вон (предл.)

Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Јас” сум внатре во мојата кожа, но како надворешно можам да го почувствувам она што е внатре во мене, и она што е вон мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Идентитетот комплетно се губи, а јаството се соединува со сѐ она што е вон него, со чувство unio mistica.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А сепак, сопственото јас, иако е вон телото, не може да ги искористи предностите кои ги очекува, и на кои им се надева од оваа состојба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Hominis tota vita nihil aliud quam ad mortem iter est. Вистинскиот живот е вон овој живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)