Средбата и односот на сексуалниот нагон и на нагонот на смртта во полето на уживање е јадро околу кое се формира значењето третирано во новата британска уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ама затоа е јадро. На кого ли е метнато, боже...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нагонот на смртта е клучен за развојот на Фројдовата идеја за психичкиот живот „од онаа страна на принципот на задоволство“ бидејќи „принципот на задоволство е тенденција којашто се наоѓа во служба на некоја функција на која ѝ припаѓа задачата душевниот апарат потполно да го ослободи од возбуденост или количината возбуденост да ја држи што пониска или константна“.3 Во заднината на овој принцип Фројд гледа „умртвувачка“ функција, која има удел во општото настојување на сето живо да му се 3 Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, Нови Сад 1994, стр. 164. 174 okno.mk врати на мирот на анорганскиот свет (фамозниот нагон на смртта).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)