Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ах, да знам која е ѕвездата негова, да видам како гори, како трепери, кај се држи на небото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веројатно и наставничката ги сака овие фантастични работи, па со занес ни раскажува за вселената.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И токму ни рече да го отвориме учебникот и да погледнеме што треба особено да запаметиме. Ѝ рече на Софче полека и јасно да чита: - Вселената е бесконечен простор исполнет со милијарди ѕвезди и други небесни тела.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Сонцето е ѕвезда во гасовита состојба и има своја топлина и светлина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)