„Мора да сфатите дека лудите, каде и да се, се чувствуваат затвореници – можеби првиот чекор кон лудилото е чувството дека светот е затвор, светот со своите закони – не мислам само на општествените, туку и на природните - е доживеан како затвор; оттаму можеби потекнуваат и креациите на сопствени светови, со свои законитости, но чувството на заробеност останува вечно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клопчето волна се стркала од скутот на доктор Гете и падна на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Освен тоа, не гледаш ли дека се шегував со тебе? Каде ти е чувството за хумор?“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)