е (гл.) - час (имн.)

Згора на се, швајцарскиот водоотпорен часовник дури сега, по толку години стаж разговетно ми дошепна зошто времето лета како што облакот лета пред ветерот и колку време треба да поарчи еден човек за најпосле да разбере колку е часот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
— „За плач е час... Свршеникот непријател го уби трпејќи пораз во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Два чекора напред.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Само се вознемири од помислата дека Рози можеби лежи до него на креветот, иако од нежножолтата светлина, што отсјајуваше на таванот, можеше да потврди дека надвор сонцето грее, но не знаеше колку е часот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
КОСТАДИН: За лекување пари требаат, а мене не ми достигаат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: (Пријдува кон ноќвите) КОСТАДИН: Колку е часот, Зафире?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Колку е часот“, прашав сосема апсурдно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури кога белата точка на излезот сосема избледнува, Павле си ги доближува устите до отворот на воздушната цевка и провлечено вика: - Колку е часот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Знаете колку е часот?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: Како да сонувам. Колку е часот? МИРА: Пред зора.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Смири се мила. – Молеше Дедо Мраз со скриено бунило – Можеби е часот на искушението што доаѓа како предигра пред крајот на секоја битка на љубовта.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој дојде до бандерата, виде колку е часот и ми вели: Е, сад ќу да пробудим команданта, да види како се ти понашаш на стражарском месту, и бесно замина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас викнав: Стој! Тој изгледа се исплаши и налутено од далеку ми ја даде паролата и ми вели: Јели другарице, одакле треба да заустављате? Јас му велам: Од свуда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)