Не беше сигурна што е сон, а што јаве. Каде е границата меѓу допирот и сонот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не ми изгледа здрав. - Не ми изгледа здрав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Посакував само едно – сето тоа да е сон.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ѕемне ... и мисли дека е сон првата снегулка што го милува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И сигурно - и во овој град јас ќе бидам најнежен поета. Но попусто - сонот си е сон, а животот други далги влече.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
„Човекот е сон на една сенка,” рече Рајнер. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На ѕидот од театарот некој со јаглен имаше испишано еден стих од Пиндар: „Човекот е сон на една сенка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа молчевме сѐ додека не стигнавме до Дунавскиот кеј.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ќе ме помниш ли по добро?,“ ме праша. „Зошто зборуваш така? Ништо не е завршено.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во мене сонцето зракот си го бара
уморен е сонот, бајката е стара.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Значи сум сонувал дека не гледам, вели, и излегува дека она што го сонувам е јаве, вели, а ова што е вистина е сон.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)