Кој падна, нека му е слава. Таму во некое време ќе го спомнуваме со добро.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Му падна чудно што сите имаат икони на овој светец, но дозна дека тој им е слава на селото, заштитник.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ме викнаа утринава. Не можев да одбијам. Знаев дека е слава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Така де, знае Господ Бог што прави. Нека Му е слава на небесата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.) Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)