Срцето мое не знае што е светлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во прашање е можеби нашата желба да си ја испробаме силината? Или нашата отпорност ја клаваме на проверка?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А можеби не е светлината, можеби нешто друго е во прашање.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам зошто но наеднаш Иван го почувствував многу близок.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
1. ВИСТИНАТА Е СВЕТЛИНА НА ДУХОТ - затоа ли ние и не си гледаме в очи, добро е што уште нѐ служи бар слухот: слушаме грамофонски, не надгробни плочи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И очите веќе не му светат. Зајдена му е светлината. Сѐ е загаснато на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)