е (гл.) - подарок (имн.)

Но тој подарок не е подарок ако се дарува само еднаш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Рече дека му е драга бидејќи му е подарок од Словенецот Градник, роден во селата над Трст, кој пребегал во нашата војска уште пред капитулацијата на Италија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Камилски, веројатно свесен за помислата на Татко, веројатно за да избегне да ја слушне, прв започна да зборува за тоа: Брате, ти ја донесов бараната лупа! рече Камилски и му ја подаде отворена кутијата со една лупа. Таа ти е подарок од мене.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)