е (гл.) - писмо (имн.)

Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поминаа денови и денови и писмото можеше едноставно да се стопи од жештината на нејзините полни гради, почна да се титка, некои букви да бледнеат, други да се разлеваат и Чана мораше да почне да им го чита писмото додека уште можеше да се види дека навистина е писмо. Најпрвин ѝ го покажа на Митра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Генералот ја откопча кожната блуза, од внатрешниот џеб извади хартија свиткана на четири и рече: - Другар капетане ова е писмо до ќерка ми која живее во Атина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога ја оголивме белата коска, гледам чудни знаци. Не е писмо, а како писмо се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На испраќање Планински му нарача: - Утре однеси дрва кај чичко Талета, кажи му каде е писмото и пак донеси одговор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)