8.  Процесната [странечка] легитимација (legitimatio ad pro cessum), којашто може да биде активна (на тужителот) и пасивна (на тужениот), всушност е овластување за водење конкретна парница и е одраз на конкретниот правен однос на странката спрема предметот на спорот in concreto – а значи дека странките во спорот всушност се „правите“ странки т.е. дека токму тие имаат правен интерес и правозаштитна потреба за водење токму на таа парница.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)