е (гл.) - награда (имн.)

Негов омилен книжевен вид е расказот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа, колку што е награда, е и казна, знаеш?“ „Знам, светол бегу.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога сфативме дека таа овој пат нема да се врати (татко ми и сестра ми малку пред мене) почнавме да разговараме за тоа што нѐ мачи. За неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Една од најпрестижните книжевни награди на Јапонија е наградата што го носи неговото име – „Акутагава“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатори во хармоничната комуникација човек- компјутер, како резултат на бескрајните регресии во мета- нивоата на авторефлексии, е награда за совршената концептуализација и реализација на идеите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тажењето за нив е награда: оплакувајќи мајките ќе им ја дарат!" Им рече...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)