Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Навистина, нашето основно обележје како вид, хомо сапиенс, е мислењето; ние сме животни што мислат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Хајдегер не ја разбираше баш оваа луда трка на зелките, не знаеше колку време сака зелената зелка да стане кисела зелка, расол и како што не беше сигурен дали новиот качкет му е тамам така и шепотејќи сам си се прашуваше дали навистина секое мисловно мислење е поезија и секоја поезија е мислење?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако нашата генетска функција е да мислиме (computare) произлегува дека вековите и степените на човечката историја, досега, биле стадиуми на ларва или подготвителни стадиуми.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)