е (гл.) - езеро (имн.)

Од левата страна е езерото, свиено околу планината, а од десната горе на брегот неговата куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
-Старче, погледни колкаво е езерово! На оваа висина, езеро!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е езеро со најголема длабочина регистрирана на Балканот: со максимум од 288 метри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бандо стрчна кај командирот и почна да го моли, да го запира да не ја рушат, но командирот го оттурна и му свика: „А од каде ќе минат камионите?“ „Здола под куќава”, им рече Бандо, „плитко е езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)