е (гл.) - добро (имн.)

МАТЕЈ: Никој ништо не ме научи. Никој не ми кажа што е добро, што е лошо. Не бев на тој час.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислам дека татко или имал потреба да ми го покаже она што, според него, е добро во музиката или само сакал да биде поинаков од другите татковци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да ја дознае вредноста на доброто, да открие дека е добро? -Така е.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Предел На Ефтим Клетников Има еден предел во кој секому душата е море и каде никој не пие вино и каде никој не знае што е правда и неправда што е никој не знае ни што е добро - ни што е зло - ниту пак знае сведок што е и обвинение што.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)