е (гл.) - ден (имн.)

О Тешкото... Зурли штом писнат на рамковна свадба недела е ден за нова дивоградба пиштоли фрчат, овчо се гнете слушнав на вести убиле дете О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сѐ уште спикерите брзаат да јават: - Денес е ден на бескрајни детски права!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ферментира стравот, срам и проклетство ме обземаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Денес е ден на мајките што ги гушкаат своите дечиња кога за појадок им сервираат љубов бескрајна, за ручек ги хранат со бакнежи по обравчињата и ги штипкаат од милост по рачињата. А за десерт?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Наш е денов, светол бегу, а и ноќта!“ одговори веднаш спремно момчакот, веќе разгледувајќи ја со љубопитство собата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бојан се надеваше дека барем додека е ден не ќе биде загрозен од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако е ден, ќе ги гледа сонцето и облаците, ако е ноќ ги гледа месечината и ѕвездите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ден, - рече бригадирот Језекил. - А ем е ден - ем не е ден. Сѐ ти е наопаку тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дали е ден? Дали е ноќ? - Деноноќие... Кој да знае?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да те потсетуваат кога да се напиеш вода, кога е ден а кога ноќ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Претседателот врши смотра на оклопната единица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Доѓите браќо, вика Илија, денеска ми е денот и денеска никого не го мразам. Бугарите се вртат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега, куќата долу беше исто толку далечна како и кој и да е ден од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)