е (гл.) - дар (имн.)

Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секогаш се бараме во некакви небиднини, несоници, во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува, милоста е дар кој најретко го даруваме, богатството на ближниот е наша потреба, и туѓото лицемерие е секогаш поголемо од нашето, а ние невини, насмеани пред сѐ ново и неразбирливо, измешано со надежта на новите намери, го мериме преостанатото време за воскресение.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
„Животот, сине, ни е дар божји, дар кој треба да се заслужи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)