е (гл.) - граница (имн.)

На моменти мислам дека ќе полудам од болка. Која е границата меѓу паметот и лудилото…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Апсолутно нејасно е како, само една тенка линија дели целосна доверба од апсолутна недоверба, како тенка линија е граница непремостлива помеѓу денес и вчера, минатото сегашноста и иднината, како едно дело во афект сторено, останува на душата, станува небиднина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бучната рекичка, што полека ја лока чуката, соголувајќи ги карпите, е граница од кај почнува студена пустотија - камен, камен, камен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поради тоа, велеше дека и самиот нејзин живот, животот на семејството, но и животот на нејзиниот народ, е граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е границата меѓу минатото и иднината, меѓу познатото и непознатото која се нарекува сегашност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Каде е границата меѓу нив?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги испитуваше копнените патишта, но тие веднаш му се покажаа поопасни и потешки за минување, особено за нас, помалите деца, кои не знаевме што е граница и зошто бегаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)