Се плашеа да не е волк и наслушнуваа тапи удари на рогови во дрво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно од говедата чудно рикна. Другите се обеспокоија и му се придружија. Некои од луѓето се исправија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаевме дека зад петици ни е волкот, како во приказната за козичката на господин Сеген.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)