е (гл.) - вечна (имн.)

- Татко ми вели дека ниту една власт не е вечна. Дарко заклима со главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нека е во слава на Алаха и на нашиот Падишах, светлоста да му е вечна и милоста долготрајна”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што да ви расправам за Транзицијата, при очи сте, гледате и сами, барем кај нас таа си е вечна и не прортчува тукутака низ живеачката.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нејзината потрага, манифестирана преку потребата да открива, е вечна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)