- Востание е борба за слобода, против Турците, ќе ја ослободиме Македонија – ја убедуваше тој.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Веќе јасна е борбата, што се вели, уште од далеку се познава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да, благодарам. Господине генерале, ако ми дозволите, сакам да речам дека ова што тука сега се случува, веќе не е борба, ами чисто убиство, да не речам злосторство.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа е борба за вистинитоста на нештата на повисоко рамниште, без оглед на фактичката состојба.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дека животот е борба. Борба помеѓу доброто и злото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа е борбата на Ѓурчин со еден одметник - јаничар, кој вршел зулуми меѓу народот од Солунскиот крај, каде што Ѓурчин одел на зимување со своето стадо. Јаничарот се викал Алија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)