е (гл.) - претвори (гл.)

Сите: претседателот на градот, и раководството на еколошкото друштво „Пролет“, и директорот на ЈКП „Хигиена“- велат дека целото подрачје на Кавадарци е претворено во јавна депонија, населението истура насекаде ѓубре без да води сметка за натамошни последици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Свињите сѐ уште квичат на долниот крај, до нив ’ржат коњите, само делот каде што биле кравите е претворен во одајки за кутрите бегалци кои се главната работна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Босфорскиот проток, и од европската и од азиската страна, сиот е претворен во ривиера и место каде што живеат позамошните, зашто овде, на благите падинки кои се слуштаат до црноморските води, секогаш е свежо и дува ветре, што ги ублажува пеколните жештини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој е претворен во огромно градилиште во кое се наѕираат нови улици, авении, плоштади нова архитектура, која целосно ќе се разликува од таа на „Карл Марксовата Авенија“, денес единствено оформена артерија во Источен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)