е (гл.) - постигне (гл.)

Ворхол не манипулираше со нив ниту им доделуваше улоги што не произлегуваа од нивните личности.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овојпат телеграмата може да почека, дури до утре, целта е постигната, макар што шифрантот Иваз беше на своето работно место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие не одат подалеку од улогите што секојдневно ги интерпретираат, со што е постигната веродостојност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)