е (гл.) - постави (гл.)

Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во јарем сум, од обете страни на мојот врат е поставен по еден тежок жегол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така, на пример, дистинкцијата помеѓу збор за збор и смисла за смисла преведувањето, која е поставена уште од времето на Римското владеење, остана да биде главна точка за дискусии помалку или повеќе сѐ до денес, додека релацијата помеѓу преведувањето и појавата на национализмот допринесе да се расветли значајноста на разликувањето на културните концепти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Смирува тоа, о бедни, кога подредуваш нешто што опаку е поставено, неприродно, од безредие ред кога сочинуваш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено, на општеството од поединци тој му го спротивставува Volk-от, а колонизацијата би ја одменил со националниот гениј, т.е. „со разулавеното потврдување на оригиналноста која е поставена како апсолут“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството –  кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Денес таа работи на позиција дактилограф- администратор во Одделението за водовод, кое според систематизацијата на работните места носеше вкупно 802 бода (вредноста на бодот е утврдена на 12,5 денари).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)