е (гл.) - најде (гл.)

Гледана од под сенките на липите, камената фасада на Clock House изгледа бледа, патинеста.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По пожарот, урнатините на некогашното архитектонско чудо стојат со децении (газдите се селат во некој друг замок), сè додека во `89, со помош на National Trust, не е најдено решение. Градина!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)