е (гл.) - изведе (гл.)

Во Хјустон е лоциран оној славен и скап медицински центар во којшто е изведено првото пресадување на човечко срце.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Убиството на Љубовникот е изведено во една доследно иронична орална пракса во петтиот простор на филмот, во оставата претрупана со книги, еден вид тажна библиотека која претходно служеше како љубовничко засолниште.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овој експеримент е изведен 1953. година под супервизија на познатиот научник Хемфри Осмонд (Humpfry Osmond) кој подоцна ќе стане пријател со Хаксли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)