е (гл.) - зафати (гл.)

И судбината е меѓник како и времето Иако судбината не е зафатена со броење минути.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имав слушано дека многу пациенти кога ќе ги отворат за да ги оперираат, лекарите дигаат раце и велат: „Нема што да се оперира, сѐ е зафатено“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)