дува (гл.) - студен (прид.)

Ќелијата беше студена како фрижидер. Неколку клима- уреди насочени кон него дуваа студен воздух.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од кај морето дуваа студени ветришта и подот бетонски беше сѐ постуден. А во собите спиевме на бетонски под.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од него не дуваше студеното и морничаво ветре, туку зрачеше спокој и блажен мир.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа утро над колибата дуваше студен северен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)