Една провалија на недостасување на вабање, на зборови и движења, едно вечно неразбирање, едно проклетство на дивината, и уште едно несфаќање на еден нов закон, што сакаше да му го наметне на тоа живинче тој, бидејќи со тоа се нарушуваше законот на остриот заб и на брзите нозе, на она бестрашно завивање и некое скришно, бесшумно и притаено постоење, како што расте тревата, како што дува ветрот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сенките се играат на влажната земја... навистина незгодно време после пладне, нема движење само малку дува ветар. Во главата...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Од неа, од нејзиниот центар, на сите страни постојано дуваа ветрови и в час ги растураа, ги туркаа натаму од сртовите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)