држи (гл.) - настрана (прил.)

Не беше безбедно во сој каков што беше Акиноскиот, целиот предаден на делото на Организацијата да влезе некоја којашто потекнуваше од сој како Вељаноскиот - мирни и уплашени луѓе и кои се држеа настрана од револуционерните вриења во Потковицата и во цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како на Акиноските им претстоеше целосно истребување, во 1013-та, враќајќи се од бојот во Битолско, српските четници, оние на Бабунски и Трбиќа, ги исклаа сите возразни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А си мислам уште ме држи настрана подалеку од себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа едноставно е здрава одлука да се зборува за постмодернитетот повеќе отколку за доцниот модернитет, без нужното прифаќање на секоја глупост напишана во име на постмодерната теорија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вие можете да се држите настрана, од надвор да набљудувате што се случува и да употребувате нови концепти, артикулации и модели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Козите на Чанга се држеа настрана, уплашени уште во утрини да не ја сетат врз себе незадржливата снага на Сталин. Тие добро знаеја како стега Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас ги забележав и се држев настрана и воопшто не погледнував таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Границите служат не само за увид во динамиката на „себе“ и „другиот“, туку можат и да ни дадат увид во макрополитиката на динамиката внатре/ надвор: надворешниот друг се држи настрана преку меѓународната граница (армијата), а внатрешниот друг е предмет на полициската контрола (полицијата).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Татко кој, во тие критични денови, се држеше настрана од козјото прашање, виде-невиде, собра храброст, успеа скришум да го размени златникот и да купи коза, а му останаа пари и за уште две кози.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)