Ама, саках да ви кажам оти вашите жени ме држаа цела вечер на ќерамидите, а јас саках да им докажам, да видат оти од далеко чоек не може да се грее, а од далеко и месо не може да се вари.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Држ си се како што се држи целиот народ. Држи си го името Македонец како што си го држи и целиот народ.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Затоа човекот треба да го држиш цел, со сите негови делови, што му се дадени, па и со страот, што му е исто така даден. Мислеше за таа можност да се плашиш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)