Граѓани разболени од почетниот амок или Бенг-утот ги држат своите пениси и ги викаат туристите на помош...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Здружени цврсто како еврејско лоби до смрт ги држат своите удобни фотелји од младата радикална гарда која ја сметаат за опасна по нивната геријатриска кохезија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Делумна причина за тоа беше што ниту една влада во минатото немаше начин да ги држи своите граѓани под надзор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Луѓето на амфетамин, всушност, и немаа свои станови, тие имаа „гнезда” - обично една или две соби, коишто можат да примат 14 до 40 луѓе, кои главно беа потполно параноични, бидејќи некој можеше да им го украде нивниот единствен Меџик Маркер или да остави вода во бањата па да се поплави аптеката во приземјето или било што.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Џон Кејл обично седеше во дневната соба, ја држеше својата виола и не се поместуваше по неколку дена.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Си го држеа своето подредено место без оглед на сѐ.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ми ја држи својата топла дланка на ногата над коленото, на голо, и не брза за да ми даде време јас да ѝ ја повлечам кон моите гениталии, но за да го сторам тоа, треба прво да ми стане.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ги пропушташе една по една од раката и го држеше своето рамено стегнато во него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И тие немаа зашто да го држат својот фронт.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Сам... - повтори оној нискиот назад, што го држеше својот крај од носилката повеќе на своите црвени како цвекло раце, отколку на рамото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се исправа, се наведнува и долго ја држи својата уста врз устата на Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ние, вистина, сме смешани со нив, ама секој си ја држи својата страна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)