држи (гл.) - исправен (прид.)

Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Е што е тоа? Како тоа? Зошто, на пример сега не паднам во несвест. Што е тоа што ме држи исправен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа се држеше исправена и горда, дури и кога двајца турски гавази ја беа претепале во ендекот близу Бразда, забранувајќи ѝ да му се меша во животот на Музафер-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)