држи (гл.) - со (предл.)

Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината се зададе на чистината од преслопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе го бодна, просто го разигра белиот коњ и дотрча прв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оксиморонот држен со цврста поетска рака, се откинува преведувајќи ја песната од брегот на вресокот на брегот на молкот, од вокалот до белинката меѓу зборовите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сетне бев кираџија, па посетне држевме со брат ми мала меана во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како уште да се држи со папочето за мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека беше наведната во незгодна поза за да го намести спекулумот, таа се шегуваше и им се насмевнуваше на гледачите објаснувајќи дека секој што сака може да дојде до работ на сцената за да го види големото шоу.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На старицата ѝ паѓа тешко разделбата со внукот и затоа го држи со ковчестите прсти за тврдата дланка и прикажува, малку побрзо отколку обично, како да се плаши дека нема да ги доискаже сите свои мисли што ја исполнуваат незината осаменост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка ми, кутрата, кога ќе насетеше како смртта кружи околу нејзината рожба, немајќи сили во себе, нека­ко ѝ се предаваше на смртта, запаѓаше во смртна треска што ја држеше со денови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Започна потоа и икајца да ги фаќа: зафатија силно да икаат, испуштаа гласови како петли и си го предаваа икањето еден на друг; за да го смират икањето, ставаа касај леб в уста или се напиваа вода пред да икнат или го држеа со рака јаболцето под гушата за да не им се поткрене.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)