држи (гл.) - до (предл.)

Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ѓорѓи помисли да го продолжи патот, но сфати дека за него е побезбедно да се држи до колоната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
14 Од неодамна имам свој shrink. Секој Американец кој барем малку држи до себе не знае кој е. Затоа секој Американец има shrink.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Италијанецот земајќи од ребрата, му рече: - Само несреќните народи држат до својата историја...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Живееме во опасни времиња. Важно е будно да се држиме до здравиот разум сите заедно, меѓусебно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На почетокот, секој што држи до своите ЕрЕнКа и ДеЕнКа покушава да најде адекватна замена за она што го џвакал од раѓање.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И криминалците повеќе држат до збор, ќе вели Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клевтис го држевме до 13-тиот ден од август.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајките на кои козите им ја спасиле рожбата ја држеа до куќната икона сликата на Чанга со козите, објавена еднаш во еден весник.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Многу држам до него, иако напати како да ми недостасува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Сега јадете риби и пијте вино, вели Григор, оти ова вино треба да ви држи до Велигден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)