- Ти кучко малечка, да молчиш, - ѝ свика брадјосаниот нејзе. – Кажи бре ти кој е најгазда од вашите татковци? – го праша тој Пецета, кој сѐ уште го држеше шишето в рака.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Почна да ги врли очите уште повеќе и одеднаш како што го држеше шишето дополу со вода, го преврте и го истури.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Евдо, асистентот на асистентот - снимател, беше понел од дома шише своерачна сливова; но Геро, како асистент - снимател, го држеше шишето меѓу колената, како да беше веќе трајно негово откако Евдо му го подаде прв да ја вкуси и со една голтка да ја оцени.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пред вратата, на столче седеше Земанек и во раката држеше шише со ракија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)