Но како никогаш и никоја не стигнуваше да биде прва, имаа такви, лоши, табиети да се извикуваат и во групи, по две или по три, одеа на вода а таму, на чешмата, или на бунарот, ги оставаа садовите, за да им држат ред, и се враќаа дома си.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Жени и мажи во години држеа ред, молчаливо подаваа карточиња, а жената од другата страна со ножици сечеше делови од картончето и потоа од големата тепција со нож сечеше пченкарен леб.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Па човек, кога ќе видеше толку многу садови, собрани на еден куп, навистина со право можеше да си помисли дека водата во Потковицата сосема се дососала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)