И додека го прегледуваше, луѓето што беа дојдени со понада, ги држеа очите во лекарот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јас не слушав туку само пцуев и го држев окото, обидувајќи се да почувствувам дали нешто не ми е во ред со клепката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа целата растреперена ги држеше очите на прстот за да види каде ја боцнал.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Селаните во колата љубопитно ги држеа очите на него и го прашуваа: - Каде ги помина толкуте години, Илко? - Секаде низ светот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Перса, иако зафатено во разговор со Митра која не ја разбираше сосема оти од зборовите ги јадеше самогласките, едното уво и едното око секогаш ги имаше свртено на кај малечките, а како што забележува и Мурџо, од далеку, ги држи очите на нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Што мириса вака? - се сврте накај кујната и подушка уште неколку пати.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)