држи (гл.) - нож (имн.)

Иако не гледал во него, без причина наеднаш чувствувајќи мирис на бадем или на летно испарување на засечен афион, знаел дека тој држи нож во рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие со сигурност го држат ножот и не трепетат веќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Онисифор Проказник му пришол полека на другиот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не, вистина, на што ти личам?“ праша другиот; место да одговори, праша, сфаќајќи дека разговорот е до бесмисленост неповрзан: „Ја движи ли алкохолот раката што држи нож?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)