Додека стариот, седејќи на столот како да не се мрднал откако се вратил, со рацете в скут, а не на маса, да не му се гледаат како се тресат, гледаше во него со очите без сјај, но сепак со една искра од можна мисла; „Ме држеа мене, сега сакаат и тебе”. На Ване му беше доволна и таа искра за да му ја сфати смислата на погледот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)