Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не, туку, може ли човек орач кој со еден чекор држи две бразди, да има исправени нозе?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)