Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Она што ќе дојде не им е достатно на современиците: Себичноста, тој коров на душата, не сотира нас денешниве луѓе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ШТО И ДА ДОЈДЕ не запрашувај - ЗОШТО? Пишано било... Саде со помин да е! Пази, Боже, од бетер! ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ме повика и мене, и јас дојдов не затоа што сакав, туку од љубопитство: сакав поодблизу да го запознаам тој другар на Земанек што во мигот повеќе му значеше од мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)