дојде (гл.) - тука (прил.)

Не постои ништо во врска со Екстази и со ова движење во Европа, што Херман не го знае.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Другиот човек е дилер, којшто е дојден тука за да си ја провери најновата стока.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И кога да видиш, тие граѓаните што решиле да дојдат тука, нема да згрешат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури подоцна брезничани ќе откријат дека тој е дојден тука да го инвестира во ди-велопментот на сиромаштијата во Брезница сиот свој ум толку години собиран и печален по Америка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На чешмата на срецелото затекна мноштво деца, христијанчиња и Турчиња, насобрани околу старецот Јанчески, кој дошол тука за да се олади и за да си ги накваси опинците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеби им личев на добродушно џуџе, или на водено дете излезено од некое море, или пак на ловецот што го убил волкот и ја спасил Црвенкапа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Влавот, бре, значи ние кои сме дошле тука, поправо нѐ донесоа од Епир, знае да чува овци и кози, сирење, кашкавал, урда да прави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Од таму дојдовте тука да барате фабрика за цигари?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа не се изненади дека го очекувавме и татко ми да дојде тука. Значи, сепак, има нешто договорено.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој направи само еден чекор, а со лесно наведнување на телото го надомести оној другиот чекор. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 118
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под себе, низ него ќе поникнеа оние нечујни шумови што несносливо бучат во него и сега, она крештаво кркорење на радиото со прегорен електролид, клопоткањето на садовите во кујната и нервозното мрморење и трескањето со вратите од жената, сите неподносливи звуци што се собираа во непријатната бучава во главата и од кои мораше да избега и да дојде тука, на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само два чекори го делеа од работ на покривот виснат над бездната на улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овие денови без нив се попогодни за многу други работи, што ние ги сакаме, та затоа и дојдовме тука, си рече. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да чекори, размислувајќи само на тоа дека тој беше дојден тука за да се врати, откако ќе ја сврши работата, и еве сега тој си се враќаше, дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега се глодаше заради тоа. Можеше да си дојде тука и сам и тие со ништо не му го олеснија неговото доаѓање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сите делови на неговото тело станаа звучни и растреперени. Нѐ сети кога дојде тука.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нагазивме на бугарска заседа. Некои фрлаат бомби и бегаат, ама и Бугарите не дошле тука за да садат пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдов тука“ , рече брат му. „Ти знаеш дека не пијам.“ Беше изменет и изгледаше како некој друг, непознат за Отец Симеон; имаше закажарени дамки на образите, проредена, нејака коса, тапа брада под белите усни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако имаше добар изговор да дојде тука, на секој чекор беше прогонуван од стравот дека некој од црноуниформираните стражари ненадејно ќе се појави од зад аголот, ќе му ги побара документите и ќе му нареди да го снема.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
III Џулија рече: „ Можеме да дојдеме тука уште еднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Јас многу сакам, пак да дојдам тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А ете таа дојде тука, да живее во Германија...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И еве, кога Хелвиг мислеше дека собрал сили да му се спротистави на тој бесчувствен татко и нималку сентименталната мајка, се реши да дојде тука, во тој дом во кој порасна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој дојде тука за да има се придружи на партизаните“, рече дедо Најдо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој дојде тука кога партизаните овие села нашите ги имаа како своја, ослободена територија, додека не дојдоа Бугарите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така тој пријателот негов, еден Зија, скришум дошол тука кај него и му кажал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто порано му кажав на дон Хуан дека првите шпанци, кои дошле тука, ја викале реката Колорадо во Аризона “ел рио де лос тибуронес”, и реката добила име “ел рио де лос тибуронес (река на ајкулите)”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Не, всушност, дојдов тука на конференција за екологија, - тактично ја поправив тетка Марија, знаејќи дека оваа грешка почнала одамна, уште кога мајка ми разговараше со тетка ми Олга по телефон и дека сега тешко ќе има изгледи да се поправи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прелевањето беше толку бавно, толку спокојно и толку елегантно, што изгледаше просто нестварно, и како, ако ништо друго, да ќе запре во секој миг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да го прашам дедо ми Баџак што се случува, како дошле тука и од каде дошле, ама не можев глас од себе да пуштам, толку бев вчудовиден од тоа што го гледам. од некаде се појави и моето куче Синга што јас и Мите летово го најдовме на улица и пред да одам на летување му го дадов на дедо Баџак да го чува во дворот, зашто онакво малечко, какво што беше, сигурно ќе умреше од глад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)