Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Рози, многу те сакам. Сиве овие години те чекав. Ти требаше да дојдеш порано. Но не дојде толку рано.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Невремето дојде толку ненадејно и толку жестоко, што сосем ги изненади луѓето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Прашањето ми дојде толку неочекувано што одвај се снајдов.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Марша се збуни. Прашањето дојде толку ненадејно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Аааа!... (отпотпирајќи ја портата): Полека, што била таа работа што дошло толку на брзина?!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тажно беше ова силно, убаво човечиште да се гледа во таква понижувачка состојба, - веднаш се покајав што дојдов толку рано.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бргу презрева и ако не ја исколва некоја чавка, се ничкосува како сон или како јаве, сеедно.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Исколваната неизвесност барем се препелкала да објасни зошто не и дошло толку до животот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)