дојде (гл.) - подоцна (прил.)

— Од каде е бре, Стојо, ној попче волку убаво шо прикажува? — праша Јован Дујов, којшто дојде подоцна та не слушна кога учителот Ацев рече дека „артистите" се „наши деца — ученици".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За несреќа, не можеше да се сети дали таа веќе седеше на онаа маса кога пристигна тој, или пак дошла подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Стаса? - Е, стасав, де! - Па нели ќе дојдеше подоцна, пред вечера? - неволно процеди товарената домаќинка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откритието дојде подоцна: касата беше голем божји суд без горен покрив, полесно можеше да се излезе отколку што се влегуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И немојте рано да доаѓате, и така уште во пет изутрина има гужва, дојдете подоцна, во 11 часот ќе ве примам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Деспина е рокерка и за разлика од нив двајцата, е одлична ученичка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Деспина дојде подоцна и донесе многу радост во Лисиче...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оние што дојдоа подоцна седнуваа на скалите - меѓу премините од двете страни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Рече да дојдат подоцна, но тие веќе разговарале со други козари и повеќе не се вратија кај нас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, Милка ѝ се откинува од рацете и се спушта во најблиската фотелја.) На мажот ми му е нешто тешко. Се извинувам. Дојди подоцна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)