дојде (гл.) - повторно (прил.)

Неколку дена подоцна, тој Шарик дојде повторно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Му реков на берберот да ме острижи повисоко и да ми ја земе малку повеќе, зашто немав намера брзо да дојдам повторно за стрижење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се навреди попот и ќе се врати пијан, ќе дојде повторно и ќе отиде без најмалку два заба во челуста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ниту еднаш не ми се јави; ниту пак јас му се јавив, оти и не знаев каде се наоѓа со циркусот, оти и не сум можела, оти циркусот е подвижен центар на светот, како што рече и самиот, оној ден, кога дојде повторно назад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Којзнае кога ќе може да дојде повторно...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И така дојде повторно, на друг начин и во други димензии времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Ако ти треба нешто, дојди повторно,“ рече Добрата Душичка, гледајќи ме како одам кон вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе дојдам,“ реков. „И не грижи се. Сѐ ќе биде добро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
– И така, чеда мили, во Поградец, во есента на 1940 година, дојдоа повторно италијанските војници – го започнуваше Мајка старото кажување, но секогаш со други зборови, разубавени, без да ја измени, никогаш, првобитната суштина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)